Детали за убиството на Велигден: „Знаеме кој го уби, а знае и полицијата“

Бил член на Бед блу бојс и страствен навивач на Динамо. Неговиот брат вели дека тој никогаш не се занимавал со матни работи.
- „Мислам дека знам кој го уби, знае и полицијата, па нека го најдат и нека го уапсат.“- вели братот на Анте Шкембера, кој на Велигден беше пронајден како лежи без свест во канал во Загреб.
Шкембера го пронашла жена која минувала и тоа половина час откако момчето било рането со нож.
Тој веднаш бил префрлен вп болница и опериран, но подлегнал на повредата и починал.
- „Беше нормален дечко кој ја сакаше Хрватска и страствен навивач на Динамо. Никогаш не се занимавал со матни работи.“- рекол неговиот пријател.
Анте заминал во петокот вечерта да се најде со некој лик и оттогаш повеќе не го виделе.
Полицијата овој случај службено не го води како убиство и немаат никој осомничено. Тие го пребарале целиот дел околу од местото каде што Анте бил убиен за да го пронајдат ножот со кој Анте бил прободен.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
