Деспотовски: Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката
Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски.
– Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат начин на договор со инвеститорите, меѓутоа очекувам за едната од нив, за која што се разговара веќе неколку години, детали и конкретен одговор да имаме веќе во наредните неколку недели, изјави Деспотовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Станува збор за обемни инвестиции кои, според Деспотовски, ќе имаат придонес кон стабилизација и зголемување на производството на енергија во земјава.
Во однос на продуктивноста и растот на платите во ТИРЗ зоните, Деспотовски рече дека нема да дозволат ситуација во која во компаниите кои користат државна помош за развој на вештини, продуктивноста да расте, а платите да заостануваат.
– Точно е тоа дека согласно анализата што ја направивме, во 2016 односно 2017 година растот на продуктивноста на трудот е многу поголем од растот на платите. По 2017 година, ситуацијата е обратна, односно платите растат со побрза динамика отколку растот на продуктивноста. И ако го гледаме целиот 10-годишен период од 2020 година, продуктивноста значително побрзо расте од платите, а тоа значи дека имаме уште значителен простор за раст на самите плати. Меѓутоа, она што е наша цел е да стигнеме во ситуација во која динамиката на раст на продуктивноста ќе ја следи динамиката на раст на платите, рече Деспотовски.
Негова цел како директор на ТИРЗ, како што рече, е да се донесат инвеститори со повисока додадена вредност. Целта е да се донесат инвеститори во делот на фармацијата, медицината и информатичките технологии.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради