Десницата победи на изборите во Италија, покажуваат излезните анкети
Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“.
Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар.
Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите.
Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу 25,5 до 29,5 проценти. Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.
Ново на Сител
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар