Дескоска и Перкс на одделенски час за здравиот начин на исхрана

Министерката за образование и наука Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс во основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци ќе присуствуваат на одделенски час посветен на здравиот начин на исхрана и квалитетот на храната во училиштата.
Најголемиот глобален час во основното училиште „Аврам Писевски“ ќе го одржи наставничката Драгана Горковска заедно со нутриционистот Сашко Дрвошански. Учениците од четврто одделение ќе имаат можност да се запознаат со здравиот начин на исхрана и како тој придонесува кон остварување на глобалните цели за одржлив развој.
Наставниците од сите основни училишта во земјата денеска ќе се приклучат кон иницијативата со предавање на оваа тема за време на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение. Подготвени се наставни материјали кои може да се симнат од веб страницата на МОН.
Најголемиот глобален час е иницијатива на светско ниво за запознавање на децата и младите со глобалните цели за одржлив развој и за поттикнување нивно активно учество во остварувањето на овие цели.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
