Балкан
18. November 2020 - 11:18

Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар прв пат се одбележува како државен празник

Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар денеска првпат се одбележува како државен празник, и тоа во посебни услови поради пандемијата на коронавирусот.

Хрватските медиуми јавуваат дека Колоната на сеќавање, која тргна од вуковарската болница веќе се движи во улиците во градот, а ќе заврши кај Меморијалните гробишта на жртвите од хрватската Татковинска војна.

Локалните медиуми јавуваат дека засега е тешко во целост да се почитуваат епидемиолошките мерки, затоа што во колоната досега веќе има околу осум илјади луѓе, иако беше ограничена на 500, а уште луѓе се приклучуваат по пат.