Македонија
25. May 2024 - 16:29

Денот на младоста - 25 мај одбележан во Кочани

Со интонирање на химната „Еј Словени“, најстарите членови на здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани денеска го почнааа одбележувањето на Денот на младоста и роденденот на нивниот патрон. Во дефиле со возила што поминаа по улиците на градот, титовистите го пренесоа симболот на празникот – штафетата на младоста, свечено предавајќи му ја на претседателот на здружението, Трајан Трендов.

-На поранешните југословенски простори достојно се одбележува овој ден. Минатата година имаше, може да се каже меѓународен собир во Баваниште кај Панчево. И оваа година ќе има присуство од цела поранешна Југославија. Ние не отидовме на таа манифестација, бидејќи овде сакаме да го прославиме и македонскиот народ да знае дека уште овој даум се одбележува-изјави Ѓорѓи Николов, член на здруженито „Јосип Броз Тито“.

-Ние ќе го одбележуваме додека можеме, а дали после нас некој ќе продолжи, ќе видиме, изјави Трајан Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито“- Кочани

Членовите на Здружението од Кочани велат дека со одбележувањето на овој и другите југословенски празници не ја негуваат југоносталгијата, туку оддаваат почит на периoдот кога конечно е остварен вековниот стремеж на македонскиот народ за своја држава.