Македонија
29. August 2016 - 8:08

Денеска се слави пренесувањето на најсветата икона на Исус Христос

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август.

Денеска е Неракотворен образ на Исус Христос.

На почетокот од оваа наша ера, кога Христос проповедаше во Палестина, во градот Едеса на Еуфрат владееше еден кнез по име Авгар. Авгар беше болен од некоја неизлечива болест, па штом слушна за чудниот Палестинец, т. е. дека ги лечи луѓето од секакви болести, испрати писмо до него по еден свој слуга, со молба до Христа да дојде и да го исцели. Ананиј, т.е. слугата, кој владееше со сликарската вештина, имаше и задача да го нацрта Христовиот лик и да му го донесе на кнезот. Пис¬мото стигна до Христа, но Ананиј никако не успеваше да го нацрта ликот. А Христос, знаејќи го порачаното, додека се наоѓаше меѓу народот, го изми лицето со вода и го избриша со крпа на која потоа остана обрисот од неговиот лик. Овој неракотворен лик Ананиј го однесе кај Авгара, а овој го целива и веднаш се исцели. Авгар потоа го постави убрусот (крпата) со неракотворениот лик над влезната порта од градот, за да ја изразува пред сите верата на кнезот во божественоста на Исуса Христа. А во десеттиот век императорот Константин Багренороден го пренесоа убрусот со неракотворениот лик во Цариград и го поставија во црквата Света Софија.

Неракотворна икона Христова 

Црковното предание за прва икона во Христијанската црква ја смета Неракотворната икона или Неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Неракотворна икона значи икона што не е направена со човечка рака. Еве како таа настанала. 
Во почетокот на нашата ера, односно во времето на Господ Исус Христос во градот Едеса на Еуфрат живеел царот Авгар. Тој се разболел, така што не можеле да го излекуваат сите царски лекари. Тогаш тој слушнал да чудата што ги правел Исус, за воскреснувањето мртви, за лекувањето болни, за истерувањето демони итн. Посакал Исус да дојде кај него и да го лекува. Затоа му испратил писмо по својот слуга Ананиј кој бил и сликар. Во случај Исус да не може да дојде слугата имал задача да го наслика неговиот лик и да му ја донесе сликата. Исус го добил писмото но поради своите обврски не можел да појде во Едеса. Од друга страна, сликарот Ананиј никако не можел да го наслика Божествениот лик на Исус Христос. Исус, пак, знаејќи за тоа го измил лицето со вода и побарал крпа за да го избрише. Кога го избришал лицето на крпата останал насликан неговиот лик. Таа крпа му ја дал на Ананиј да му ја однесе на царот Авгар. Кога Авгар ја добил крпата го целивал ликот на Исус и веднаш оздравел. Царот Авгар ја ставил крпата со ликот на Исус на градската капија, за да знаат сите дека царот верува во божественоста на Исус Христос. Притоа наредил сите што тука минуваат да се поклонат на ликот на Исус Христос. Во 944 година императорот Константин Багренороден (Порфирогенит) ја купил крпата со ликот на Исус, ја пренесол во Цариград и ја поставил во црквата „Света Софија“. Тоа пренесување се празнува на 29/16 август.

Свети Јоаким Осоговски – Сарандапорски 

Светец со силен култ во Североисточна Македонија 

Житието на свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Значи, пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засекогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на XI век а умрел најдоцна во почетокот на XII век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во XIII век. Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил основно светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои минел осоговскиот крај.

Турски знак пред манастирот

Испред манастирот поетои еден турски споменик. Него го поставил пашата. Кад је дошол да го запали манастирот му се слошило. Поставил га за кога турската војска ќе го види да се враќа, да не пали и да не пљачка. Од тога и муслиманите влизат во манастирот, палат свеќи и ден денеска. ПОрано тука са били Турци, сега се иселија.