-->
-->
Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска
-->

Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи. Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
