Денеска е Св. маченик Андреј Стратилат
Свети Андреј се роди во Сирија, а тука и му служеше на римскиот цар како офицер. Подоцна беше унапреден во војвода, кога Персијанците го нападнаа Рим. Против нив беше испратен истиов Андреј, таен христијанин, кој претходно ги научи своите војници во битката да се надеваат и да му се молат на Христа. Од битката војводата Андреј се врати победоносно во Антиохија. Тука, пак, некој завидливец го поткажа дека е христијанин, па беше затворен. Управникот на градот се најде во недоумица што да прави со него и побара совет од царот Максимијан. Царот го знаеше угледот на војводата, па го посоветува управникот да го пушти светиот, а да бара друга прилика да го убие. Андреј излезе од затворот и кога дозна за ова ги собра своите 2,5 илјади војници, замина во Тарс во Киликија и тука сите се крстија. Наскоро беа принудени да го напуштат Тарс и, бегајќи од римската потера, се настанија на ерменската планина Таврос. А оваа планина ја прими нивната крв. Имено, римската потера ги најде и сите ги погуби, иако овие не дадоа никаков отпор.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице