Денес се отвора ново стрелиште на Армијата и МВР
Во касарната „Илинден” во Скопје денеска ќе биде отворено новотo заедничко стрелиште на Армијата и на Министерството за внатрешни работи.
Стрелиштето ќе го користат припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) на МВР и специјалните единици на Армијата на Република Македонија.
Според МВР, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност. Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта.
На отворањето на новотo заедничко стрелиште на Армијата и МВР ќе присуствуваат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски
Ново на Сител
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%
-
На ГП „Блато“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потернца
-
Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите
-
Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци
-
МВР: Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени