Македонија
9. October 2015 - 9:26

Ден за високи гости на воената вежба „Македонски блесок - 11“

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-11” на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира програма за Денот за високи гости.

Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамед Рацај, директорот на ГШ на АРМ   генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

Според програмата, на Денот за високи гости  ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и извежбаноста на четата на Воената полиција (чВП) и ренџерската чета (рч), кои беа оценувани на вежбата ,,Македонски Блесок-11”.

Оценувањето на чВП и рч се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од различни команди на НАТО.