Демонстрантите во Бристол фрлаа молотови коктели кон полицијата
Илјадници демонстранти излегоа на улиците за да изразат незадоволство од предложениот предлог-закон, кршејќи ја забраната за масовни собири. Предлог-законот предизвика критики од активистите кои го осудија зголемувањето на полициските овластувања и нападот врз граѓанските права.
На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите тресат полициско комбе пред протестот да стане насилен. Полицијата со палки се обидува да ги растера демонстрантите пред централната полициска станица во Бристол.
Потоа полицајци на коњи влегуваат во група демонстранти, но набрзо се повлекуваат откако врз нив се фрлени молотови коктели.
Демонстрантите успеаја да ја потиснат полицијата, запалија комбе пред полициската станица и ја уништија зградата, додека полицајците кои биле внатре, гледаа низ прозор.
Предложениот Предлог-закон за полиција, криминал, казнување и судови предизвика критики од активистите кои го осудија зголемувањето на полициските овластувања и нападите врз граѓанските права.
Новите законски решенија ќе и овозможат на полицијата, меѓу другото, да го одредува времето на почетокот и крајот на сите идни демонстрации.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија