Демократскиот сојуз и Самоопределување подготвени за предвремени избори
Двете опозициски партии во косовскиот парламент, Демократскиот сојуз на Косово(ЛДК) Движењето „Самоопределување“ изразија подготвеност за предвремени парламенетарни избори.
Девете партии најавија дека во текот на неделава ќе почнат со собирање потписи за интерпелација за уривање на владата на премиерот Рамуш Харадинај.
Од Демократскиот сојуз на Косово најавувајќи дека официјално ќе почнат со собирање потписи,додаваат дека оваа недела многу нешта ќе се искристализираат кога станува збор за уривање на Владата.
За интерпелација и рушење на Владата вчера се произнесе и лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти.
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), деновиве оцени дека земјата се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“.
На тоа премиерот Харадинај одговори дека доколку се подготвени за избори ќе бидат поддржани од владеачкото мнозинство,додека синоќа гостувајќи во телевизиска емисија,рече дека е убеден оти владата ќе го заврши својот мандат во предвидениот рок од четири години.
Во Косово лани во јуни беа спроведени предвремени парламентарни избори. Демократскиот сојуз има 27 пратеници, Самоопределување 19 и 12 пратеници од отцепеното крило кои сега делуваат како независни.
Ново на Сител
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце