Демирташ: Можна е етничка граѓанска војна во Турција
Заменик претседателот на прокурдската Демократска партија на народите, Селахатин Демирташ истакна дека во Турција „може да избие етничка граѓанска војна", бидејќи нетрпеливоста меѓу Турците и Курдите во земјата се зголемува.
Курдскиот лидер во интервју за ирскиот весник „Ајриш тајмс", исто така, наведува и дека мир во Сирија е невозможен без мир во југоисточниот дел на Турција.
- Војната во Сирија е поврзана со конфликтот тука, зошто турската Влада гледа на Курдите во Турција и Сирија како на една целина, истакна Демирташ, осврнувајќи се на темата за операциите на турските сили за безбедност против борците од Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција.
Курдскиот лидер вели и дека во име на мирот е подготвен да се сретне и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Јас сум во политиката поради мирот и доколку доведе до мир средба со Ердоган тогаш, се разбира, ќе го направам тоа, изјави Демирташ.
Тој упати критики до европските лидери, нагласувајќи дека треба да се направат поголеми напори за запирање на насилството во југоисточниот дел на Турција.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг