Делумно отворен патот Шипковица-Бродец
Патот Шипковица-Бродец е делумно отворен за сообраќај за итни случаи, а екипите на терен работат на негово целосно расчистување и нормализрање на сообраќајот, информираше раководителот на Територијалната противпожарна единица Тетово Ука Алити.
Активностите за расчистување започнаа веднаш откако вчера попладне како последица на врнежите што ја зафатија Шар Планина и околината свлечиште со карпи, кал, дрвја и друго затрупа околу триста метри од патот Шипковица-Бродец поради што Бродец, Вешала и Бозовце беа отсечени. На самото место со потребната механизација интервенираа екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат како и локалната самоуправа од Тетово.
Интервенција имало и за чистење на коритото од реката во селото Голема Речица.
Во невремето во тетовско нема жртви и нема пријавена штета на имотите.
Ново на Сител
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето