Делови од Карпош, Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струја

Од 9 до 10 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Његошева“ во општина Карпош, а од 9 до 14.30 часот корисниците од реонот Гази Баба спроти Јаја Пашината Џамија.
Во периодот од 9 до 16 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ бр. 2А во Трубарево, објектот на Вардар Градба, сточниот пазар, општина Гази Баба, како и корисниците од населба Ергеле.
Од 9.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лука Геров“ – подулици 2, 4 и 6 во општина Ѓорче Петров, корисниците од улицата „Скупи“ – подулици 3, 5 и 7 во општина Карпош. Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Виетнамска“, општина Шуто Оризари.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
