Делови од Дебар без вода за пиење по најмалку шест часови дневно

Повеќе делови од Дебар и ова лето се без вода за пиење по најмалку шест часови дневно. Најпогодени се жителите во населбите „Венец еден“ и „Венец два“, населбата „Варош“, како и оние во станбените згради во централниот дел на градот.
Според директорот на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, Мазлум Леши, ваквата ситуација е последица на злоупотребата на водата за пиење за наводнување на земјоделски површини, миење дворови, тротоари и улици.
- Европските стандарди предвидуваат по 200 литри вода дневно по човек, а во нашиот град се троши со илјадници што е надвор од сите стандарди, зашто заедно со пристигнатите печалбари во Дебар нема повеќе од 15 илјади жители, изјави Леши.
Апел до граѓаните да престанат со злоупотреба на водата за пиење упати и дебарскиот градоначалник Ружди Љата.
- Во главниот градски резервоар пристигнуваат 150 литри вода во секунда што е доволно за град од 100 илјади жители, а не за град како што е Дебар. Реализирани се три проекти за балансирање на водоводната мрежа во градот за што се инвестирани 470 илјади евра, но по се изгледа дека поради несовесните граѓани, нивниот ефект не се постигнува, истакна Љата.
Тој побара од „Стандрад“ кое стопанисува со водоводот Росоки –Дебар, но и од надлежните да преземат содветни мерки со цел да се елиминира масовната злоупотреба на водата за пиење.
Жителите во деловите каде што се чувствува недостиг на вода бараат да се воведе рестрикција со цел проблемот да го го почувствуваат сите подеднакво.
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
