Делфреси се залага за повторно затворање на Франција
Претседателот на Научниот совет задолжен да ја советува француската Влада за епидемијата со Ковид-19, Жан-Франсоа Делфреси, поради ургентната состојба со доаѓањето на новите варијанти на Ковид-19, ја изнесе идејата за прегрупирање или повторно затворање – карантин на земјата, јави дописникот на МИА.
-Колку побрзо ќе ја донесете одлука, толку таа ќе биде поефикасна и може да биде со ограничено траење смета професорот Делфреси.
Неговиот повик за повторен карантин, за да може земјата да се справи со варијантите на коронавирусот кои целосно ја менуваат здравствената состојба во Франција, е со голема тежина. Делфреси смета дека „веројатно ќе биде потребно да се оди кон затворање“ за што е потребна политичка одлука,
-Има итен случај. Колку побрзо се донесе одлуката, толку е поефикасна и може да има ограничено траење. Ние сме во критична недела. Ние во моментов, заедно со Италија, сме земји од Европа во најдобра здравствена состојба, истакна тој.
Но, тоа според професорот е лажна безбедност, ситуацијата нема да може да трае долго, поради варијантите кои се шират.
-Додека сме во очигледно релативно стабилна ситуација, ако продолжиме без да сториме ништо повеќе, од средината на март ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација, како и другите (европски) земји, предупреди тој.
Според него, исклучително политичка треба да биде одлуката дали затворањето треба да биде строго како во пролетта 2020 година, или треба да се дозволи училиштата да останат отворени како во ноември.
Навраќајќи се на проекциите за вакцинација, професорот Делфреси „не го дели“ убедувањето на владата дека целото население може да се вакцинира до летото.
-Капацитетот за вакцинација е ограничен, бидејќи фармацевтската индустрија не успева да обезбеди огромни количества вакцини. Од февруари до крајот на април (…), имаме трка помеѓу пристигнувањето на варијантата и вакцинацијата, резимира тој.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО