Македонија
11. July 2016 - 12:27

Делчево: Тинејџерка нокаутирана и ограбена во својата спална

Вчера утрото во Полициска станица Делчево Е.И.(19) од Делчево, пријавила дека истиот ден околу 6 часот во спалната соба од нејзиниот дом влегол П.Р. извадил нож од џебот и од нејзината чанта земал 1.000 денари и мобилен телефон.

Кога оштетената му рекла дека ќе го пријави во полиција, тој со тупаница ја удрил во пределот на лицето, а потоа избегал. По укажаната лекарска помош, Е.И. во ПС-Делчево донела лекарска потврда за набиеници и подлив на челото. Од страна на полициски службеници П.Р. од Делчево е пронајден и приведен за натамошна постапка.