-->
-->
Делчевци ги избираа приоритетите за реализација во буџетот за 2016
-->
Граѓаните од Делчево денеска ги селектираа приоритетните проекти за реализација во буџетот за 2016 година преку „Програмата форуми на заедницата“. На денешната 5-та форумска сесија, тие одбираа од листата на над 30 предложени проекти со што, практично, граѓаните на Делчево прв пат се вклучија во креирање на буџетот на Општината.
Васка Драшковиќ, модератор на проектот истакна дека ова е од особено значење, затоа што сето тоа што беше дискутирано на претходните сесии, денеска жителите ќе имаат можност да одлучат што е за нив најзначајно, кои проекти се приоритетни за подобрување на животот во општина Делчево. Значајно е да кажам дека дел од проектите кои граѓаните ги предлагаа се вметнати во буџетот што значи форумот ја исполнува својата цел, рече Драшковиќ.
Тони Стоименовски од Одделението за ЛЕР во Општина Делчево потенцираше дека најголем дел од овие проекти предложени од граѓаните се од областа на инфраструктурата, но и од животната средина, како и проекти за поддршка на НВО секторот.
- Форумите како една од активностите кои ги промовира и ЗЕЛС, се вградени во статутот на Општина Делчево. За реализација на инфраструктурните проекти за 2016 година се веќе планирани средства во буџетот, од сопствени извори, од донатори, како и од задолжувања на Општината, рече Стоименовски.
Вкупниот буџет на Општината за 2016 изнесува околу 290 милиони денари. Раководителката на Одделението за финансии и буџет на Општина Делчево, Анка Христова, потенцираше дека Делчево за капитални расходи планира да потроши 90 милиони денари, средства од буџетот и од донатори.
- Во буџетот веќе се влезени проекти за реконструкција и изградба на улици. Како што е реконструкција на ул. „Светозар Марковиќ“, ул. „Маршал Тито“,патот во Драмче, изградба на улици во населбата Ѕвегорска река и сл., рече Христова.
Проектите кои не се вметнати во буџетот за 2016 година ќе бидат доставени како препораки до Општината за нивно решавање во иднина. Последната форумска сесија е најавена да се одржи во октомври наредната година, кога Општината ќе даде отчет пред граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје