Тенис
4. March 2016 - 19:16

Дејвис куп: Ирска изедначи, решава мечот во двојки

 
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го донесе вториот поен за Македонија во мечот со Република Ирска за првото место во групата Б во рамките на Дејвис купот што се игра во Талин, Естонија. По двата сингл меча резултатот е 1-1 и за победникот ќе решава мечот во двојки што ќе се игра вечерва.
Јотовски во дуелот на двајцата прворангирани играчи на двете селекции загуби од Сем Бери со 6:3 и 6:4. Во првиот меч Димитар Грабул го победи Бјорн Томсон со 2.1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:3).
Во конкуренција на двојки за Македонија ќе играат Грабул и Јотовски, додека за Република Ирска се пријавени Бери и Дејвид О‘Хер. Според рангот на играчите Ирска важи за фаворит. 
Мечевите во другите групи се веќе завршени и познати се полуфиналистите. Домаќинот Естонија ќе игра против Моладавија, а Кипар за ривал ќе го има победникот од дуелот Македонија – Република Ирска.