Дедото на Ивана која ја уби гром низ солзи: Ми побара едно нешто, јас ја однесов во смрт
Во ходникот на Интерната болница во Крушевац, дедото на малата Ивана која ја уби гром заедно со нејзината другарка Анѓела, ја проколнувал судбината која ги снајде. Семејството се спремало за свадба на најстарата ќерка, а место тоа, среќните моменти се претворија во трагедија.
- За мене веќе живот нема. Што не ме погоди мене гром, а не неа. Моето злато го нема. Јас со автомобил ја однесов кај другарката дојдена од Швајцарија. Што да правам да се убијам ли сега, вели Зоран, дедото на Ивана.
Лекарите се обиделе да ја реанимираат Ивана, реанимацијата траела еден час, но залудно. Лекарите биле немоќни.
За разлика од неа, Анѓела починала на лице место од ударот.
Дедото на загинатото девојче чувствува вина бидејќи последното што таа му го рекла било да ја однесе кај другарката, а со тоа ја однел во смрт.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со локална облачност
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти