Балкан
11. јуни 2016 - 12:24

Дедо и малолетно дете итно на Ургентен - Тешка ноќ за Брзата помош

За време на минатата ноќ брзата помош интервенирала 124 пати од кои 19 на јавно место.

Во Белград минатата ноќ се случиле две сообраќајни несреќи, во кои се повредени 73- годишен велосипедист и 12 годишно дете.

Во 19:17 часот на улица Вељко Перовиќ и Милован Челебиќ, едно дете се здобило со полесна повреда и веднаш е префрлено на Ургентен центар, вели потпаролката на Брзата помош Нада Мацура.

На улицата Јурија Гагарина, кај Бувљак во 19:28 час маж паднал од велосипед, и се здобил со тешка траума на главата, при што изгубил свест и веднаш исто така бил пренесен на Ургентен.

Покрај овие две несреќи имало уште 6 сообраќајни незгоди кои ги потресе мештаните во околината.