Свет
17. November 2015 - 9:10

Дечиња останаа без родители, семејствата во црно: Ова се жртвите од Франција

Објавени уште дел од жртвите во Франција, чиј идентитет е откриен. 

Guillaume B. Decherf

Се работи за 43-годишен рок новинар од Франција кој пишувал за магазинот InRocks. Таткото на две деца бил убиен за време на концерт во концертната сала од страна на силите на ИСИС.

Quentin Boulanger

29-годишното момче било дел од публиката на концертот во Франција. Дипломирал на Факултетот за Менаџмент. Неговите најблиски напишале: - Нашите срца се со него и неговото семејство.

Djamila Houd

Една од првите жртви од Франција чиј идентитет беше откриен е токму оваа 41-годишна жена. За неа весниците напишаа: - Сите мајки ја делат болката на мајката на загинатата.

Marie Mosser

Според италијанскиот вебсајт Corriere Della Sera, Мари била промотор на рок-групата на чиј настап се случи незапаметениот хорор. 24-годишната девојка загинала откако била погодена во концертната сала. Таа се мачела а подоцна им подлегнала на повредите.

Asta Diakite

Поранешната ѕвезда на Премиер Лигата, Lassana Diarra, откри дека неговиот внук бил убиен за време на нападите. Тој играше за  Portsmouth пред да замине во Реал, и потврди дека ја загубил внуката.

Elodie Breuil

Оваа 23-годишна девојка е исто така жртва на нападите на ИСИС. Таа била студент по дизајн.

Elsa Delplace and Patricia San Martin

Се работи за мајка и ќерка од Чиле кои загинале на концертот. Мајката имала 55 години.

Précilia Correia

Оваа млада девојка почина заедно со своето момче во концертната сала. - немам зборови да ја изразам болката за тебе, напиша нејзин другар.

Manu Perez

Ова момче било менаџер, исто така убиено на концертот. До него загинала и неговата девојка, Précilia Correia. Неговиот последен пост на Фејсбук била фотка од бендот на сцена.

Cedric Mauduit

41-годишниот фан на групата, остави зад себе сопруга и две мали деца на возраст од 7 и 3 години. Неговата мајка го оставила ова на фејсбук.

Houda and Halima Saadi

Две сестри од Тунис кои живеат во Париз, на возраст од 33 и 34 години, загинаа кобната ноќ на Петок 13-ти.

Ariane Theiller

Оваа млада девојка го загуби животот на концертот.

Valeria Solesin

28-годишната девојка од Венеција беше убиена кога терористите отворија оган во салата.