Децата најголеми жртви на климатските промени
Децата се најголеми жртви на глобалното затоплување, предупрди денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), наведувајќи дека околу 690 милиони деца живеат во подрачјата каде што најмногу се чувствуваат последиците на климатските промени.
- Околу 530 милиони деца живеат во земји, во најголемиот број во Азија, кои редовно се на удар на катастрофални поплави, а околу 160 милиони во зините погодени од големи суши, пред се во Африка, се наведува во студијата на УНИЦЕФ објавена денеска.
Според Фондот, бројот на деца изложени на последиците на климатските промени, кои најмногу страдаат поради глобалното затоплување, е „загрижувачки голем“
- Тие (деца) уште сега ги чувствуваат последиците на овие промени, се нагласува во студијата.
Според УНИЦЕФ, екстремните климатски феномени, глобалниот раст на температурите, ураганите, поплавите и топлотните удари придонесуваат за забрзано ширење на детските болсти, како и на маларијата, неухранетоста, акутната дијареа и воспалението на белите дробови.
- Сушата ги уништува посевите и придонесива за вртоглав пораст на цените на прехранбените продукти, што ја зголемува неухранетоста која е одговорна за половина од смртните случаи кај децата помлади од пет години ширум светот, се додава во студијата на УНИЦЕФ.
Од тие причини оваа Агенција на ОН смета дека треба да им се даде „приоритет на напорите за прилагодување кон климатските промени, со цел да им се излезе во пресрет на најранливите членови на општествата - децата“.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило