Бизнис
30. May 2017 - 9:16

Дебата за перспективите на контролинг професијата во Македонија

„Контролинг професијата во Македонија - состојби и перспективи“ е насловена форумската дебата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Најавени се предавања и дебати за состојбите, перспективите и искуствата со контролингот во јавниот сектор, во домашните банки  и во големите корпорации. 

АБИТ е формирана во 2014 година како единствена институција која нуди сертифицирана доедукација во сферата на банкарството и информатичките технологии. Досега едногодишни обуки поминале над 100 слушатели, а специјалистички семинари посетиле над 600 слушатели, вработени во банки, студенти и невработени граѓани.

Во АБИТ членуваат Народна банка на Република Македонија, како и  поголем број од банките во нашата земја: Комерцијална банка а.д., НЛБ Банка а.д., Стопанска банка а.д. Скопје, Еуростандард  банка а.д., ТТК банка а.д. и Стопанска Банка а.д. Битола.