-->
-->
Даут Харадинај: Апсењата наложени од Специјалниот суд повторно ќе ја активираат ОВК
-->

Даут Харадинај се споменува како еден од првите припадници на т.н. ОВК кој ќе се најде пред Специјалниот суд.
- Инструментот ОВК повторно ќе се активира на Косово кога ќе почнат апсењата по налог на Специјалниот суд, истакна Харадинај.
Тој додаде дека политичките партии на Косово требале да размислуваат за Специјалниот суд во 2015 година, а не да гласаат за формирање на овој трибунал.
- Јас не сум дел од военото крило, јас сум граѓанин на Косово. Мое најголемо достигнување е војната. Јас сум отворен и секогаш сум подготвен да ги поддржам другарите. ОВК не изврши злосторства, туку Србија, тврди братот на косовскиот премиер.
Како што наведува Харадинај, Специјалниот суд треба да се набљудува како „елемент што ќе му наштети на имиџот на Косово“.
Изјавата на Даут Харадинај следува по неодамнешниот неуспешен обид на партиите, кои произлегоа од ОВК, да го поништат законот во Парламентот за формирање на Специјален суд за извршени злосторства од ОВК.
Приштинскиот портал Инсајдери, повикувајќи се на извори блиски до судот, тврди дека Специјалниот суд ќе подигне обвинение против Даут Харадинај поради случајот „Радоњичко езеро“, односно за убиство на 39 Срби, Албанци и Роми за време на војната во Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени