Свет
5. February 2016 - 21:34

Даблин во крв: Мажи во облечени во полициска униформа почнале да пукаат во цивили

Денеска околу 14:30 часот по локално време во Даблин, во Регенси хотелот каде се вршеле мерења на боксери, неколку мажи облечени во полициска униформа упаднале и почнале да пукаат во цивилите, присутни на настанот.

Во пукањето според сегашните информации загинал еден маж, а најмалку двајца се повредени.

dablin1

Вооружениот напад се случил за време на мерењето на боксерите за Светската боксерска организација, а мажите облечени во полициска униформа пукале со клашников.

dablin

Мел Крисите, претседател на Боксерската Унија на Ирска, објаснила дека вооружените мажи не бирале цели како и дека на местото имало околу 200-300 луѓе меѓу кои и мали деца.