Бизнис
1. December 2023 - 16:33

Да се спречи одливот на кадар, населението старее, ќе нема кој да работи

Населението старее, младите заминуваат, продуктивноста опаѓа. Како да се спречи одливот на кадри, кон што треба државата да се фокусира – дебатираа професори, преставници од Светска банка и владата.  Добро е што економијата закрепнува, сиромаштијата се намалува, но целта е да се приближи стандардот на македонските граѓани кон онај што го имаат европските, велат од Светска банка. За да се постигне тоа, ќе продолжат со поддршката, која и до сега ни ја даваат.  

- Децата родени денеска ќе бидат за 44% помалку продуктивни ако не би добиле квалитетно здравство и образование.  Емиграцијата  дратсично го згоелмува стареењето и во 2050 та година  над ¼ од населението ќе биде над 65 години., изјави Анонела Басани , потпретседател на Светска банка

Бројките се поразителни – за 20 години , помеѓу двата пописи од 2001 до 2021 населението се намалило за 10%.. Третина од граѓаните веќе се иселија, а голем дел ќе го сторат тоа,  откако Европа  ги отвори вратите за нашите граѓани и бара кадар повеќе., вели министерот  Бесими. Згора на тоа наталитетот е во опаѓање , а старењеето го  зголемува притисокот за социјална заштита

- ЕУ поради недодистиг на кадар ги отвори вратите и бара не само квалитетни, туку и со понсико образование. Мора да се подбори образоавнието, да се креираат можности дома, затоа што стареењео го зголемува притисокот на социјална заштита  и бара воведување  социјални удари, кои некако ќе успееме да го амортизираме. Но потребни се реформи, вели министерот з за финансии Бесими

Миграцијата е незибежна ,. Затоа властите треба да најдат начин како да ја спречат

Ианку, на 30 годишнината од соработката  со Светска банка, премиерот најави дека веќе од следната година помошта која ни ја даваат ќе биде двојно зголемена. До сега банката има поддржано проекти вредни 3 милијарди  долари во различни сектори, - инфаструктура, земјоделие, образование,  зелена транзиција, справување со ковид кризата и  голем дел од аникризните мерки.