-->
-->
ЦУК: Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во Дељадровце, Скопско, гори нискостеблеста шума
-->

Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско, е пријавен попладнево на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи - ЦУК.
Како што соопштија од ЦУК, според првични информации, гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.
-По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и веќе е на терен Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје која во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот на отворено. При гасењето помагаат и мештаните со трактори за да го пресечат пожарот на површината кон којашто се движи пламенот, наведуваат од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
