-->
-->
Црвен крст - Крива Паланка со хуманитарна помош на терен
-->
Општинската организација на Црвен крст - Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие спроведе активности за доставување хуманитарна помош.
Во текот на денот, како што информираат, е одржан подготвителен состанок со Координативното тело за управување со кризи од општината.
Хуманитарна помош денеска е доставена на едно лице од село Конопница и тричлено семејство од село Псача. Во текот на ноќта, пак, доставени се хуманитарни пакети и топла облека и напиток за 12 возачи на тешки товарни возила исклучени од сообраќајот на магистралниот пат Скопје - Крива Паланка - Деве Баир поради забраната за движење товарни возила кон граничниот премин.
Во координација со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија извршен е транспорт на осум возачи - седум државјани на Албанија и еден државјанин на Бугарија кои се згрижени во Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ до нивното повторно вклучување во сообраќај.
Лицата најпрвин ги лоцирале волонтери на Црвен крст, членови на тим за одговор и дејствување при катастрофи, кај селото Узем.
Сите активности, како што наведуваат од Општинскиот Црвен крст - Крива Паланка, се спроведени со претходно добиени насоки и координација со надлежниет служби на локално и национално ниво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“