Црногорската опозиција најавува бојкот во собраниските седници

Црногорската опозиција ќе ја бојкотира конститутивната седница на Собранието в понеделник, но и сите следни заседанија, се додека не се утврдат околностите за апсењето на групата државјани на Србија кои Обвинителството во Подгорица ги товари за криминално здружување и планирање терористички напад на денот на изборите.
Опозицијата демантира дека од претседателот на државата ќе бараат мандат за составување влада, со оглед на освоените 39 од вкупно 81 пратеничко место, јави Ал Џезира Балкан.
Црногорската опозиција тврди дека на малцинските партии не им биле понудени сите места во владата, туку формирање заеднички кабинет што би работел до организирањето вонредни избори.
Миодраг Лекиќ од коалицијата Клуч тврди дека неговата групација нема шанси да ја поддржи Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ.
- Немаме право да дадеме легитимитет на изборниот резултат на денот на државниот удар, таканаречен или реален. Додека не се соопштат сите факти и не се заокружи целата приказна и додека не дознаеме кој стои зад сето тоа, нема да има стабилност во политичкиот, па ниту во парламентарниот живот, истакна Лекиќ.
На изборите оддржани на 16 октомври најмногу мандати (36) освои Демократската партија на социјалистите која предложи мандатор и почна преговори со Социјалдемократите и малцинските партии, чии шест мандати ќе им се потребни за формирање власт. Опозицијата не ги признава резултатите.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
