Црна Гора: Парламентот го укина имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ

Црногорскиот Парламет на денешната вонредна седница донесе одлука за укинување на имунитетот на опозициските лидери на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.
Мандиќ и Кнежевиќ се осомничени дека подготвувале терористички активности на изборната ноќ на 16 октомври минатата година.
Укинувањето на имунитетот на двајцата лидери на Демократскиот фронт ја отвора можноста тие веднаш да бидат уапсени по налог на специјалниот државен обвинител Миливој Катниќ.
Амбасадата на САД во Црна Гора ги предупреди денеска своите граѓани кои живеат во земјата дека пред Собранието се очекува големо присуство на полицијата во случај да се оствари најавата на Демократскиот фронт, за време на гласањето за укинување на имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, приврзаниците на партијата да се соберат пред институцијата.
Во соопштението американската Амбасада се апелира граѓаните да избегнуваат подрачја каде би можело да се одржуваат протести.
Во моментов, пред зградата на црногорското Собрание се одржуваат протести поради укинувањето на имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, во кои учествуваат и двацата лидери на опозициската партија, како и приврзаниците на Демократскиот фронт кои се против укинувањето на оваа одлука.
Пред да започне гласањето, тие со навредливи повици ги дочекаа пратениците на владејачката коалиција на влезот во парламентот.
Имено, опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од вонредните парламентарни избори на 16 октомври минатата година.
Пратеникот на Демократскиот фронт Славен Радуновиќ им се заблагодари на опозициските колеги кои изразиле солидарност кон собирот.
- Прифативме да не навлегуваме во понатамошите игри со Мило Ѓукановиќ и да ги бојкотираме изборите во Никшиќ. Не сакаме да се однесуваме како да е во Црна Гора се нормално, а знаеме дека се воведува диктатура, нагласи Радуновиќ.
Откако Административниот одбор на Собранието на Црна Гора во понеделникот одлучи да го укине имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, опозицијата одлучи да ги бојкотира локалните избори во Никшиќ, закажани за 12 март.
Мандиќ и Кнежевиќ се сомничат за кривични дела за создавање на криминални организации подготвување на дела против уставното уредување и безбедноста на Црна Гора, извршени по пат на поттикнување на вршење на кривични дела на тероризам.
Според наводите на главниот Специјален обвинител, постои основно сомнение дека Мандиќ и Кнежевиќ извршиле кривични дела со кои се товарат, бидејќи станале членови на криминалната организација која во 2016 година ја основале Едуард Широков и Владимир Попов, со цел вршење на кривични дела тероризам и други кривични дела.
Мандиќ и Кнежевиќ, се наведува, дека прифатиле да постапуваат според налагањата на организаторите на криминалната организација, да организираат протестни собири кои ќе бидат искористени за напад на собранието од членовите на криминалната организација, а за кои претходно било обезбедено оружје.
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
