Црна Гора ги укина речиси сите епидемиолошки мерки
Црногорскиот совет за борба против коронавирусот одлучи да ги укине скоро сите епидемиолошки мерки во земјата од денеска, откако Црна Гора забележа најмал број нови случаи од јули 2020 година.
Просечниот број на нови инфекции минатата недела беше 18, додека вкупниот број на активни случаи со коронавирус 380.
„Четиринаесетдневната кумулативна инциденца е 53,86 и е најниска од септември 2020 година. Според овој индикатор на болеста, Црна Гора е подобра од туристичките земји Шпанија, Кипар, Грција и Турција“, рече Игор Галиќ, директор на Црногорскиот институт за јавност здравје.
Тој, исто така, посочи дека прва доза вакцинира примиле 30 проценти од возрасната популација на Црна Гора, додека четвртина од возрасната популација во земјата е целосно имунизирана.
Од денеска сите угостителски објекти можат да работат без работно време, додека до сега им беше дозволено да работат до полноќ. Дозволена е и работата на ноќните клубови, но влез е дозволен со негативен тест за коронавирус или потврда за вакцинација. Истите правила важат за казината на кои повторно им е дозволено неограничено работно време.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
