„CLARIS“ - нов бренд на модната креаторка Кокев
На синоќешната ревија во МНТ модната дизајнерка Тања Кокев освен своите најнови креации откри дека отсега ќе твори под брендот „CLARIS“ наместо досегашниот „Кокев“.
- Се одлучив за промена затоа што ми требаше нова енергија, нов почеток, нова приказна од која ќе се инспирирам за да творам. Claris има француско потекло и значи нешто чисто и јасно, како што се чувствувам јас во моментов, во кој точно знам што сакам да постигнам. Но значи и блесок, а модата е неретко причина да се чувствувате како да блескате на некој начин. Тоа ми влијаеше и на колекцијата која ја претставив во саботата, и со која го означив заживувањето на Claris, која се надевам ќе ги направи тие што ќе ги носат креациите да се чувствуваат како ѕвезди кои блеснуваат. И најважното на крај – се одлучив за Claris заради сличноста на името со мојата ќерка, Клара, мојата апсолутна сила и инспирација за се во животот, па и за креирањето... вели Тања Кокев.
Колекцијата на Тања Кокев, сега веќе под брендот „CLARIS“ откри интересни комбинации на органза, чипки, бисери, траки и карнери во една богата.
Посетителите на оваа „couture“ ревија ја почувствуваа новата енергија преточена во 30 нови креации, претставена во едно несекојдневно опкружување, специфично за режисерот Дејан Пројковски.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци