Loading Video...
Свет
23. May 2023 - 16:30

Ципрас го одби мандатот за формриање влада

Лидерот на грчката левичарска опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас, на денешната средба  со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу одби да го прифати мандатот за формирање нова Влада.

Нема да го прифатам мандаот бидејќи нема можност за формирање Влада рече Ципрас, чија партија на изборите во неделата освои  20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место.

Вчера лидерот  на победничката Нова Демоиркатија, Мицотакис го врати мандатот и изрази надеж дека ке има нови избори на 25 јуни за да дојде до апсолутно мнозинство.

Неговата партија освои 146 пратенички мандати, пет помалку од потребниот минимум од 151 пратеник за мнозинство во Парламентот . Претседателката на Грција сега мандатот ќе го додели на третата партија Пасок.

Без Нова демократија, опозициските партии немаат доволно пратенички места за да формираат владејачки сојуз, така што извесно е дека Грција ќе оди на втори избори.