Чилиманов: Заев е единствениот политичар кој смета дека украинското сценарио е нешто добро
Две години по Мајдан, Зоран Заев е единствениот политичар кој верува дека украинското сценарио е нешто добро. Тој е последен кој ја споменува Украина како позитивен пример, вели новинарот и аналитичар Цветин Чилиманов за Тв Нова.
Протестите и она сценарио кое беше спроведено во Украина на државата и донесе војна, илјадници убиени, раселени се на сметка на лични интереси и богатења на една политичка гарнитура, анализира Чилиманов.
-Во случајот на Украина нејзината европска перспектива беше прекината пред неколку дена, и беше скратено ветувањето кое и беше дадено, потсетува Чилиманов и додава дека после ова Зоран Заев да каже дека украинското сценарио е нешто позитивно е неодговорно и лицемерно.
Чилиманов вели дека не сака да мисли на можните последици од украинско сценарио во Македонија.
-Ние сме меѓуетничка држава, која до „вчера“ имаше војни и имаме нови проблеми кои не сме ги планирале како што се радикален ислам, маси на бегалци кои лесно можат да бидат манипулирани и искористени. Страв ми е да помислам на се што може да ни се случи, вели Чилимамов.
Тој потсетува дека Заев дава двојни и лицемерни изјави, најавувајќи украинско сценарио од една страна а од друга страна вели дека народот сам излегол, кога е јасно дека демонстрантите се организирани од СДСМ и од НВО финансирани од СОРОС.
-Тоа не е добитно сценарио. СДСМ мобилизира граѓани кои видовме дека ја запалија канцеларијата на претседателот која се наоѓа во стамбена зграда во која живеат луѓе и деца. Нормални и здрави луѓе кога го гледаат тоа се револтирани. Гледавме и закани кон полицијата со пораки да им се повтори Куманово, вели Чилиманов.
На протестите во организација на СДСМ и СОРОС се забележуваат луѓе кои се насилни, политички радикални и не се срамат да го покажат тоа.
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста