Свет
18. July 2022 - 18:53

Четворица загинати при судир на два авиона во Лас Вегас

Четири лица загинаа кога два авиона денеска се судрија во близина на аеродромот „Норт Лас Вегас“.

Авионот „пајпер ПА-46′ се подготвувал за слетување кога се судрил со „цесна 172“.

Едниот паднал во поле источно од пистата, додека другиот паднал во блиското езеро, соопштија властите.