Четири жртви во најголемиот шумски пожар во Калифорнија годинава
Тела на уште две лица се пронајдени во подрачјето зафатено со шумскиот пожар што веќе пет дена беснее во северна Калифорнија недалеку од границата со сојузната држава Орегон. Со тоа бројот на жртви во најголемиот шумски пожар што годинава ја зафати Калифорнија се зголеми на четири.
Спасувачките служби двете тела ги пронашле во два одвоени станбени објекти во близина на автопатот што минува низ опожареното подрачје во шумата Кламат, на околу 500 километри северно од Сан Францско. Јагленосани остатоци од тела на други две лица во неделата беа пронајдени во изгорен автомобил лоциран на приод на куќа во близина на автопатот, соопштија во понеделникот локалните власти.
Од петокот кога избувна пожарот досега пламенот уништи повеќе од 522 хектари шума, како и стотина објекти, од станбени куќи до придружни објекти.
Портпаролката на локалниот шериф, Кортни Крејдер, посочи дека синоќа е издадена наредба за евакуација на 4.500 луѓе од загрозените подрачја.
Особено тешко е погодена крајбрежната енклава на реката Кламат со население од помалку од 200 луѓе, каде пожарот уништи бројни домови и центар на заедницата, рече таа.
Речиси пет илјади станбени згради се загрозени од пламенот.
Ново на Сител
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
