Честитка по повод Велигден од министерот за одбрана Јолевски
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од православна исповед.
- На овој голем празник секој од нас ги истакнува највозвишените човекови вредности. Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер и се водилка во нашите животи. Дозволете ми да ја истакнам мојата почит кон сите Вас, посебно кон припадниците на АРМ прераспределени на нашата јужна граница, што со истрајност, професионалност и посветеност се справуваат со предизвиците од мигрантската криза, се наведува во честитката.
Имам исклучителна доверба во сите Вас, се посочува, дека ќе продолжите со љубов и посветеност да ја браните нашата татковина.
- Сега и во иднина секој чекор кој го правите, колку и да Ви изгледа мал, бидете уверени дека влијае во мисијата која ја имаат АРМ и Министерството за одбрана. Вашите чекори нека се во духот на денешниот празник и нека секој ден Ве исполнува со љубов и мир. Верувајте дека сè што правите има една цел – безбедноста и мирот на граѓаните на Република Македонија, стои во честитката од министерот Јолевски.
Ново на Сител
-
Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна
-
Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано
-
Русија протерала двајца британски дипломати под обвинение за шпионирање
-
Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс
-
Мицотакис веројатно ќе направи реконструкција на Владата во следните денови
-
Почина Милан Кубин - еден од најдобрите македонски кик боксери
-
Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти
-
Водата во Скопје безбедна за пиење