Честитка од Заев по повод католички Божик

Премиерот Зоран Заев по повод католичкиот празник Христово раѓање Божик упати честитка до Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија и до сите граѓани од католичка вероисповед.
- И оваа година се роди богомладенецот, придружуван од песната на ангелите во негова чест и во чест на овој настан: „Слава му на Бога во висината, а на земјата мир меѓу луѓето!“. Секоја година Божик повикува на нова, лична преобразба, да понудиме мир за сите и да повикаме да го преобразиме злото во добро, пишува Заев во честитката.
Секоја година Христовото раѓање, додава тој, е нова надеж за подобро утре за секој човек, во секое семејство.
- Во секој дом и во општеството, во кое сите сме повикани да учествуваме да изградиме похуман и праведен свет, со уверување дека во мир и спокојство имаме можност за попросперитетна иднина за сите, вели македонскиот премиер во честитката по повод католичкиот празник Божик.
Ново на Сител
-

Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава
-

СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-

Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел
-

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
