Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
–Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да Ви посакам да го поминете во мир, радост и среќа. Богојавление не потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник. Да не дозволиме во постојаната борба со материјалните предизвици нашите животни врвици да останат без идејна и морална крепост и да продолжиме да се стремиме кон зачувување на духовните вредности, истакнува претседателот во честитката.
Пендаровски на верниците им посака мир, хармонијата, љубовта и милосрдието кои ќе ги споделуваат со сите наши сограѓани.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи