Честитка од премиерот Димитар Ковачевски повод Велигден
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со писмо до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до Синодот на МПЦ-ОА, како и со видео обраќање до свештенството и монаштвото, до сите православни верници во нашата земја, го честиташе големиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме содржината од писмото со честитки на премиерот Ковачевски по повод Велигден во целост:
„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден.
Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа.
Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.
Во овие драматични мигови за нашето современие, Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.
Велигден е и празник на надежта и верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри.
Со таа надеж за подобри денови, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби и конфликти.
Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и духовна сила!
Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!
Христос воскресна! Навистина воскресна!“ - кажа премиерот Димитар Ковачевски.
Ново на Сител
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка