Честитка од Митрески по повод католички Велигден

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до бискупот скопски и епископ струмичко – скопски, Монсињор д-р Киро Стојанов и до сите католички верници.
-Дозволете ми од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име Вам и на сите христијани од католичка вероисповед да Ви испратам искрени честитки по повод големиот христијански празник - Велигден. Овие денови на празнување нека донесат спокој и љубов во секој дом, во секое срце. Верските празници и нивното празнување нѐ обединуваат и нѐ потсетуваат дека духовната мир, љубовта и почитта кон сите се вистинските вредности за кои треба да се бориме и кои треба да ги промовираме, напиша Митрески во честитката.
Митрески наведува во честитката дека сите ние, независно на која религија припаѓаме мора да имаме и треба да се бориме за заедничка цел, а тоа е подобар живот и просперитетна иднина за нас и за идните генерации кои доаѓаат. А тоа, како што вели, ќе го постигнеме само ако ги почитуваме различностите, независно од етничката и религиската припадност.
-На овој голем христијански празник, кога ја славиме победатата на животот над неправдата, остануваме силно посветени на заедничките вредности кои не движат кон понатамошен напредок. Ви посакувам успех, сила, мудрост и верба во исполнувањето на Вашата духовна мисија. Добро здравје и благосостојба Ви посакувам Вам и на Вашите блиски, како и на сите католички верници во Република Северна Македонија, нагласува претседателот на Собранието Митрески во честитката до бискупот скопски и епископ струмичко – скопски, Монсињор д-р Киро Стојанов.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
