Честитка од Кралицата Елизабета за Денот на независноста

Кралицата на Обединетото Кралство Елизабета по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до претседателот на државата Ѓорге Иванов.
- Ми причинува големо задоволство да Ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во годината што престои, се наведува во честитката објавена на фб-профилот на Британската амбасада.
Воедно, се посочува, Република Македонија и Велика Британија воспоставија дипломатски односи на 16 декември 1993 година. - Во 23-те години од тогаш заедно изградивме партнерство базирано на соработка и на отворено и искрено пријателство, се посочува во текстот кон честитката.
Воедно, амбасадорот на Велика Британија во земјава Чарлс Гарет денеска беше дел од претставниците на дипломатскиот кор кои по повод Денот на независноста се поклонија и положија цвеќе пред Споменикот на паднатите херои во паркот Жена-борец.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
