Чешка на врвот на европски земји според брзината на ширење на коронавирусот
Во Чешка, од почетокот на октомври, поставени се рекорди во бројот на новозаразени со коронавирусот. Во средата ги имаше 5.335. Од почетокот на пандемијата, според новите податоци на чешкото Министерство за здравство, бројот на смртни случаи достигна 829.
„Сите гледаат дека овие бројки се зголемуваат. И не само новопотврдени, туку и хоспитализирани и смртни случаи. Овие бројки ќе растат уште околу две недели”, рече чешкиот министер за здравство Роман Примула, кој ќе соопшти нови мерки најавени за понеделник.
Од почетокот на пандемијата во Чешка 95.360 лица се заразени со коронавирус, а оваа недела Чешка е на врвот на списокот на европски земји со најголемо збирно зголемување во последните 14 дена, со 327 заразени на 100.000 жители. Втора е Шпанија со 302, следна е Холандија со 257, Франција со 248, Белгија со 234, додека во Германија, на пример, таа бројка е само 35.
Во Чешка, рекордниот број на новозаразени лица не е толку загрижувачки колку што е метеорската брзина со која вирусот се шири од септември.
Забрзувањето го покажува фактот дека првите 10.000 се заразиле за три месеци, следните 10.000 биле забележани за два месеци, потоа 10.000 за три недели, а најновите 10.000 за само три дена. Од вкупно над 90.000 заразени, половина се од еден месец – септември.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите
-
Албанец со автомобил пробал да прошверцува 21 килограм свежа пастрмка во државава
-
Крајнодесничарската АфД за првпат стана најпопуларна партија во Германија