Македонија
29. September 2023 - 16:38

Цевките на ЕСМ остнаа под Беласица

На две недели пред грејна сезона цевките на ЕСМ се уште стојат на кејот на Вардар. Дали и кога ќе бидат монтирани во мрежата се уште не се знае. Градот Скопје и ЕСМ веќе еден месец водат битка во јавноста со меѓусебни обвинувања. Откако вчера градските инспектори ги избркаа работниците на ЕСМ, денеска ниту од Градот ниту од компанијата не даваат информација кога ќе се реши проблемот. 

ЕСМ повеќепати соопшти дека се подготвени да го монтираат новиот цевковод, но за тоа чекаат дозвола од Град Скопје. Градоначалничката Арсовска пак тврди дека нивна обврска е прво да го санираат мостот, па потоа да ги монтираат цевките. Таа се огради дека е надлежна за санација и најави дека ќе приложи писмен доказ дека ЕСМ се нафатиле на таа обврска. Од ЕСМ два дена нема реакција дали се точни информациите кои ги пласираше Арсовска. 

Во меѓувреме првиот човек на регулаторна предупреди, доколку мрежата на Тето не биде функционална може да биде причина за ценовно цунами со сметките за парно. Реагираа и од Владата, но до денес ниту една институција не презема конкретни чекори, за да обезбеди услови за нормален почеток на грејната сезона. До целосна санација, на мостот ќе се вози само по две сообраќајни ленти.