Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска
Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска во Отава, соопштија од кабинетот на канадската генерална гувернерка Мери Сајмон, која е официјален претставник на британскиот монарх во земјата.
Церемонијата ќе започне во 10:00 часот по локално време (14:00 часот по Гринич) во салата Ридо, официјалната резиденција на генералниот гувернер. Седумдесет и тригодишниот Чарлс Трети автоматски стана крал на Велика Британија и шеф на држава на 14 други земји и територии, вклучувајќи ја и Канада, кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина на 96-годишна возраст.
Иако Канада престана да биде колонија на Велика Британија во 1867 година, таа остана дел од Британската империја до 1982 година и сè уште е членка на Комонвелтот на народите, чии земји го имаат британскиот монарх за шеф на државата. Чарлс Трети денеска, исто така, ќе биде прогласен за крал на Велика Британија.
Како што претходно соопшти Бакингемската палата, во Лондон во 10 часот по локално време ќе започне состанокот на Советот за наследство на тронот, на кој ќе биде прогласен синот на Елизабета Втора за нов монарх
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност