Центар за вработување на лица со хендикеп

Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ формираа Центар за вработување на лица со хендикеп кој е реализиран во рамки на истоимениот проект. По тој повод, денеска во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи конференција.
Центарот е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, а проектот е дел од ИПА -Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година.
Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“, информираат од Стопанската комора на Македонија, се гради мост меѓу лицата со хендикеп и компаниите со цел да се извлечат придобивки и за двете страни.
Конференцијата, како што се наведува, има за цел информирање и запознавање на компаниите со бенефициите кои им стојат на располагање во насока на создавање инклузивна и разновидна работна сила, што нуди голем потенцијал за подобрување на секојдневното работење на компаниите и создавање на општествено одговорен пристап во работењето.
Ново на Сител
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
