Македонија
13. September 2024 - 12:30

Цените во Охрид повисоки

Туристи има но со послаба куповна моќ. Туристичките работници и дуќанџиите велат дека охридската чаршија сеуште е полна со туристи но повеќето од нив како во шпицот на сезоната но и овој период само шетаат и разгледуваат а поретки се оние кои купуваат. Првичните анализи покажуваат огромен број гости, но слаби потрошувачи, Англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските туристи владее едно мислење дека не се добри потрошувачи и дека ги користат исклучиво само услугите кои им се предвидени во пакет аранжманот.

Охридските угостители сметаат дека Охрид летово не е ништо поскап од останатите туристички центри.Според нив, високите цени се на оние ресторани и кафулиња кои се лоцирани на самиот брег на езерото и чаршијата.

Инаку според последните податоци на државниот завод за статистика има зголемување за 5,1 посто  на цените на угостителските услуги во август  во однос на истиот месец од претходната година.